Земјотреси го стресоа тлото во Македонија

од Nikola Popovski
126 прегледи

Рано утрово земјотреси ги разбудиле жителите на источна Македонија, пред се во околината на Струмица и Штип.

Регистрирани се два земјотреси од кои првиот 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, информираат од Сеизмолошката опсерваторија Скопје.

Првиот земјотрес се случил во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случил во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Пред две недели исто така два земјотреси беа регистрирани во овој дел од државата, со магнитуди од 3 и 2,1 степен.

Слични содржини