Земон: Еден од најранливите народи во Европа е македонскиот, но не можеме да живееме од минатото

од Берта Китинска
208 прегледи

Според Рубин Земон, претседател на партијата ПОЕН проблемот со Бугарија има историски контекст и е обременет со многу гнев поради минатите случувања, но дека треба да има дебата на овие теми.

-Јас знам како антрополог дека еден од најранливите народи во Европа е македонскиот народ, но не можеме да живееме од минатото туку треба да се свртиме кон иднината. Бугарите колку што гледам бараат во Уставот да влезат како конституивен народ а не како малцинство. Кај нас нема такви категории. Но, затоа ние имаме официјална политика на мултикултурализам и тоа е плус за нас, вели Земон во Утрински Брифинг.

Со предлогот на Макрон се решава прашањето на јазикот кој ќе остане македонски јазик како и до сега во ЕУ, анализира Земон. Тој додава дека е дискриминаторска преамбулата каде што се споменуваат народите оти многу заедници не се споменати.