Земјотрес со јачина од 5 степени на грчкиот остров Евбеја, нема жртви

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Земјотрес со јачина од 5 степени е регистриран вечерва на грчкиот остров Евбеја, 56 километри североисточно од Атина, соопшти Геолошката опсерваторија на Атина.

Како што јавија локалните медиуми, засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Земјотресот, чиј епицентар се наоѓа источно од островот Евбеја и на длабочина од девет километри, се случил во 20:06 часот по локално време.

Тоа е четвртиот и најсилен земјотрес што се случи денеска со ист епицентар во Евбеја. Првиот земјотрес со јачина од 4,8 во 4,32 часот по Гринич, следен од други два од 4,1 и 4,2 степени речиси еден час подоцна во 5,23 и 5,24.

Грција редовно е погодена од земјотреси. Во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтер во октомври 2020 година во Егејското Море загинаа две лица на грчкиот остров Самос и повеќе од 100 во турскиот приморски град Измир.

Слични содржини