Ќе видиме како ќе се позиционираат. Одговорноста на ДУИ е поголема затоа што е во владата и предлогот за уставни измени мора да дојде од власта. И ако предлогот што ќе дојде од Владата ќе биде да се разговара само за преамбулата и вградување на бугарската заедница во Уставот на државата, тогаш нема да можеме да разговараме за темата „20%“ и албанскиот јазик. Така што албанските партии во Владата треба да го иницираат ова прашање во Владата, изјави денеска Фадил Зендели од партијата БЕСА.
Вчера движењето БЕСА ги покани партиите на Албанците на лидерска средба за уставните измени и формулацијата „20 проценти“ во Уставот.
Шефот на македонската дипломатија и портпарол на ДУИ Бујар Осамни рече дека ова треба да биде албанска етничка агенда, туку треба сите политички партии да седнат и да ги разгледаат овие прашања.
Во врска со барањето од БЕСА, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски појасни дека пострашно било формирањето на дводомен парламент.
-Пострашно беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците на албанските партии, а тоа е формирање на дводомен парламент, што би значело де-факто и де-јуре федерализација и мислам дека тоа е многу погрешен потег, односно нарушување на унитарниот карактер на Македонија. Мислам дека ниту на Европа ниту на светот, не им е потребно уште една Босна на Балканот, уште една нефункционала држава, изјави денеска Мицкоски.