321
Пратеникот од партијата Беса и еден од потпретседателите на Собранието, Фадил Зендели изјави дека нема проблеми во владиното мнозинство.
Зендели изјави дека проблем има во пратеничката група на ДУИ и смета оти партијата треба во разумен рок да најде решение за него.
Тој посочи дека БЕСА има забелешки за распределбата на проектите од култура и дека министерката за култура Ирена Стефоска не се консултирала со заменик министерот за култура во врска со нив.
Тие бараат од премиерот прераспределба на средствата за поддршка на проектите од културата.