Зендели: Со ваков Закон албанскиот јазик нема да стане втор службен во Македонија

од desk2
81 прегледи

Беса гласаше за Законот за јазици и ќе го поддржи, но имаме многу забелешки за овој предлог. Со ваков Закон, албанскиот јазик нема да се официјализира и нема да стане втор службен јазик во Македонија, рече Фадил Зендели од Движењето Беса.

Тој најави дека за второто читање ќе поднесат амандмани со кои Законот ќе биде исправен и ќе тргне во вистинска насока, односно во насока во која ќе стане втор службен јазик.

– Нашата интервенција нема да биде на целиот Закон, туку само во оние делови за кои сметаме дека се неисправни односно во деловите кои ќе го направат албанскиот јазик втор службен во државата, рече Зендели.