Фадил Зендели од Беса, во вечерашното гостување во 24 Анализа изјави дека етничка определба во личните карти ќе биде придобивка за сите.
-Законот за етничка определба во личните карти беше дел од нашата програмска определба и беше дел од разговорите кои ги водевме со мнозинството кое е сега на власт. Ние како предлагачи излеговме со оваа иницијатива таа не против никого туку е за сите и сите како етнички заедници добиваме .Ако не сака некој да му стои етничката определба од тоа може да биде ослободен ова ќе биде слободна волја на граѓаните, изјави Зендели.
Зендели смета дека со тоа ќе се емилинираат слабости во системот, многу отварања, конкурси, јавни обласи. Во самите институции има многу злоупотреби по етничка припадност. Мора да најдеме решение, зошто сме мултиетничко општество.
Реплицирајќи му на Борислав Крмов од „Левица“ тој напомена дека ова иницијатива не прави раздор помеѓу албанските партии, туку неговата партија со амандманите прави раздор и блокира нешто што не е демократски.