Зетот на Белчева од „Шанса за Центар“ стана градежен инвеститор, гради во Центар

од Vladimir Zorba
456 прегледи

Граѓани кои живеат на улицата Коста Шахов во изминатиот период се противат на изградбата на зграда на адресата Коста Шахов 8, за која наводно не биле собрани задолжителните потписи од соседите при издавањето на дозволата за градба.

Оттаму ни посочија дека инвеститорот е поврзан со дел од функционерите во општина Центар. Имено, фирмата „Гибрис“ која ја гради зградата на Коста Шахов е во сопственост на Димитар Ристовски, зет за сестра на советничката од листата „Шанса за Центар“, Јана Белчева.

Таа во јавноста е позната како еден од „авторите“ на мораториумот за градба на некои од ДУП-овите во оштината додека беше на чело на Советот во изминатиот мандат.

Дозволата за градба е потпишана на 1.10.2021 година, во последните денови од раководењето на Саша Богдановиќ, екс центарскиот гадоначалник.

Белчева беше Претседавач на советот на Општина Центар за време на мандатот на Богдановиќ цели три години, а последната година заради недоразбирања ја напушти таа функција.

Според информациите на граѓаните кои живеат на Коста Шахов 8, таа и претставниците на нејзината листа засега не ги контактирале жителите кои веќе преку други медиуми побарале поддршка од нив.

В.З.

Слични содржини