Зетот на Трамп ги предупреди Палестинците дека работат против нивните интереси

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Високиот советник на американскиот претседател и зет, Џаред Кушнер изјави дека кредибилитетот на палестинското раководство „паднал на најниско ниво“ и дека администрацијата на Доналд Трамп нема да ги брка Палестинците поради мировниот договор, доколку продолжат да ги одбиваат американските предлози.

Кушнер го рекол тоа во телефонскиот разговор со новинарите од Блискиот исток, како дел од дискусијата за минатонеделниот договор за воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), со кој посредуваше САД.

Тој оцени дека фрустрациите во регионот растат заради, како што го нарече палестинското опструирање на напредокот на својот народ. „Дури и луѓето кои сакаат да им помогнат на Палестинците, овие луѓе велат дека не можете да им помогнете на луѓето кои не сакаат да си помогнат самите“, рече Кушнер.

Палестинската власт ги прекина врските со Белата куќа откако претседателот Трамп го призна целиот Ерусалим како израелски во декември 2017 година.

Палестинците исто така го отфрлија планот на Трамп за Блискиот исток претставен претходно оваа година, што во голема мерка го фаворизира Израел и го осуди договорот на Емиратот со Израел како предавство на нивните работи.

Кушнер оцени дека светот „започнал да ја блокира бучавата“ што доаѓа од палестинските власти и дека нивните одговори се „премногу предвидливи и нелогични“.

Потегот на Емиратот го потресе арапскиот консензус дека зближувањето со Израел ќе следи дури по отстапките во мировниот процес со Палестинците.

Кушнер потсети дека Палестинците повеќе пати ја одбиваа администрацијата на Трамп во бројни обиди за подобрување на нивната состојба и потсети на регионалната економска конференција одржана минатата година за да се обезбедат средства за закрепнување на палестинската економија, како и планот на Трамп да им даде на Палестинците „повеќе од она што некогаш го посакале“.

Планот, сепак, не ги исполнува палестинските барања за независна држава во Западниот Брег и појасот Газа со Источен Ерусалим како нејзин главен град, територии освоени од Израел во 1967 година.

Тој предвидува постојана контрола на Израел над 30 проценти од Западниот Брег, и ограничена автономија за Палестинците во остатокот од територијата, доколку го исполнат списокот со остри услови.

Како дел од договорот со Емиратот, Израел се согласи да ја прекине реализацијата на плановите за анексија на делови од Западниот Брег, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека тоа е само привремено и по барање на администрацијата на Трамп.

Обединетите Арапски Емирати, сепак, посочуваат дека анексијата е целосно отстранета од агендата.

„Кушнер потврди дека договорот за одложување на анексијата е сè уште во сила. Нетанјаху ни даде уверување дека тој нема да го стори тоа без наша согласност и тоа е доволно за нас“, рече советникот на Трамп.

Слични содржини