Со 370 нови поднесени апликации во 2018 година, Северна Македонија е на деветто место според поднесени жалби до Европскиот суд за човекови права од 47 држави членки на Советот на Европа, истакна в.д. директорката на Бирото за застапување пред Европскиот суд Даница Џонова презентирајќи ги годишните извештаи за работата на Бирото и на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на овој суд за 2018 година, пред собраниската постојна анкетна комисија за заштита на правата и слободата на граѓанинот.

ЕСЧП лани донел 12 пресуди против Република Северна Македонија што ја чинело државата безмалку 125.000 евра како оштета за изгубените предмети а во корсит на граѓаните кои ја тужеле државата. Џонова вели дека во следниот период исплатата на штета ќе се зголемениот со оглед на тоа што пред судот се уште има постапки кои не се завршени. Џонова од пратениците побара поддршка за измени на Кривичниот законик и на Законот за кривична постапка во делот на определувањето на мерката притвор со што, како што рече таа, ќе се овозможи намалување на жалбите пред Европскиот суд а се однесуваат на прашањето на притворот.
На денешната седница на собраниската анкетна комисија требаше да се расправа и по Извештајот за работата на Комисијата за антидискриминација. Но се уште актуелниот претседател Александар Даштевски рече дека не знае дали треба да го презентира Извештајот затоа што во тек е постапка за избор на нови членови на комисијата. Тој само посочи дека минатата година до комисијата биле испратени 132 претставки што е двојно повеќе во споредба со првите години од функционирањето на Комисијата. Од нив, Комисијата за антидискриминација разгледала 119 случаи а во 19 од нив била утврдена дискриминација по повеќе основи.
АКТУЕЛНО
ОСТАНАТИ ВЕСТИ
Пребарај
© 2012-2018 Copyright Libertas.mk. All Rights reserved. –