„Газпром“ ја зголеми испораката на гас во Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ за 63,4 отсто во првата половина на 2022 година, објави рускиот холдинг.
„Извозот на гас во Кина преку гасоводот Силата на Сибир расте во согласност со долгорочниот билатерален договор меѓу Газпром и Кинеската национална нафтена корпорација CNPC. Испораките на руски гас за Кина преку тој гасовод се зголемија за 63,4 отсто“, се вели во соопштението на Газпром, пренесува Танјуг.
Во 2021 година, Гаzпром испорача 10,39 милијарди кубни метри гас во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, според годишниот извештај на холдингот.
Тој волумен е 2,5 пати поголем од испораките во 2020 година, кои изнесуваа 4,1 милијарди кубни метри гас.
Гасоводот „Моќта на Сибир“ е најголемиот систем за транспорт на гас во источна Русија.
Извозниот капацитет на тој гасовод достигнува 38 милијарди кубни метри гас годишно.
Дневниот извоз во јуни е намален за четвртина
Првите испораки на гас за Кина преку таа „источна“ рута започнаа во декември 2019 година, во согласност со 30-годишниот договор склучен во 2014 година меѓу Газпром и кинеската CNPC.
Годишниот обем на испораки на гас е 38 милијарди кубни метри, а вредноста на договорот е 400 милијарди долари.
Газпром објави и дека го намалил производството на гас во првата половина на 2022 година за 8,6 отсто на годишно ниво, на 238,4 милијарди кубни метри.
Извозот на гас во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е намален во првите шест месеци за 31 отсто, или за 31 милијарда кубни метри, на 68,9 милијарди кубни метри гас.
Просечниот дневен извоз на Гаспром во јуни бил за четвртина помал од мај и изнесувал 263,3 милијарди кубни метри гас, се наведува во соопштението на холдингот.