Зголемена казната на возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев, кој со своето возило ја усмрти Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“.

Казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор.

Причините за зголемување на казната ќе бидат образложени во пресудата.

Претходно казната беше изречена по само едно рочиште, откако обвинетиот Ѓоргиев ја призна вината. Возачот останува во затворот во Шутка.

На 20 јануари на раскрсницата кај „Сити мол“ Ѓорѓиев удри во двајцата пешаци кои поминувале улица со брзина од 67,3 км/ч, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената.

Во сообраќајката загина 24-годишната Викторија, а нејзиното момче Леонид Даов, беше повреден.

Слични содржини