Зголемена просечната цена на струјата за домаќинствата

од Берта Китинска
467 прегледи

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава е зголемена за 0,2 проценти во однос на второто полугодие лани.

Според објавените податоци од ДЗС, просечната цена на струјата во првото полугодие од годинава изнесувала 5.156 денари по киловат часови.

– Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.565 до 7.575 денари по KWh по групи на потрошувачи, се наведува во соопштението од ДЗС.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од годинава се движела од 12.665 до 23.017 денари по нормални метри кубни по групи на потрошувачи.

Слични содржини