Научниците од Нов Зеланд го зголемија нивото на тревога поради вулканот под најголемото езеро во земјата, кој ја предизвикал најголемата ерупција на Земјата во последните 5.000 години кога последен пат еруптирал пред околу 1.800 години.
Во соопштението, геолошката агенција GeoNet соопшти дека открила речиси 700 мали земјотреси под езерото Таупо, калдера создадена од огромниот вулкан, и го подигнала нивото на вулканска тревога на 1 – помали вулкански немири – од нула.
The Volcanic Alert Level for Taupō Volcano has been raised to Volcanic Alert Level 1 (minor volcanic unrest). This minor unrest is causing the ongoing earthquakes & ground deformation at the volcano. Read our bulletin with all of the information here: https://t.co/T9yTR3aF32 pic.twitter.com/FD31y9iYqD
— GeoNet (@geonet) September 20, 2022
Системот за предупредување за вулканите се заснова на шест нивоа што се зголемуваат, но GeoNet забележува дека ерупциите може да се случат на кое било ниво, а нивоата може да не се движат во низа бидејќи активноста може брзо да се менува.