По повод немилите настани во автобусите на ЈСП Скопје кои изминатата недела континуирано се случуваа на територија на општина Гази Баба, се одржа Советот за превенција на општина Гази Баба, на кој било усвоено меѓу другото и зголемено полициско присуство како и функционален мониторинг систем во автобусите.
-Полициската станица од општа надлежност Гази Баба превзема обврска во следниот период да обезбеди зголемено присуство на униформирани службеници на критичните автобуски постојки, внатре во автобусите но и во критичните населени места;
Општина Гази Баба во насока на идна превенција превзема обврска за организација на најразличен вид на настани со ученици од различни етнички заедници со цел поттикнување на соживот и другарување;
Општина Гази Баба превзема обврска да достави барање до ЈСП Скопје во кое ќе се побара автобусите кои се обраќаат на тој дел од општината да имаат функционален мотиноринг видео систем, како и зајакнување на контролата на терен;
Општина Гази Баба превзема обврска да достави писмо за информирање до секторот за образование на град Скопје за приклучување во активностите за надминување на настанатата ситуација, бидејќи учесниците во настаните се средношколци, како и се превзема обврска за организирање на состанок со директорите на средните училишта на град Скопје.
Општина Гази Баба превзема обврска за доставување на иницијатива до Министерот за Внатрешни работи за иницирање на постапка за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, велат од општината преку соопштение.