Зголемено присуство на КФОР во Лепосавиќ, напладне собир за поддршка на уапсените Срби

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Во Лепосавиќ видливо е зголеменото присуство на КФОР. Припадниците на таа мисија имаат и опрема за разбивање демонстрации, јави репортерот на N1.

Во 12 часот пред зградата на општината е закажан собир за поддршка на уапсените млади момчиња од Лепосавиќ, кои косовската полиција ги товари за напади врз новинари.

Да потсетиме, последното апсење се случи рано утринава, уапсен е маж од српска националност У.В. од Лепосавиќ, а полицијата го сомничи за вмешаност во напад врз новинари. „Телеком Србија“ објави дека тој бил вработен во таа компанија и дека „бил киднапиран околу 7 часот и 30 минути во близина на Лепосавиќ додека патувал на работа“.

Инаку, на 16 јуни во Лепосавиќ, како што информираат од Здружението на новинари на Косово, се евидентирани повеќе напади врз новинари, кои се случиле при посетата на министерот за локална самоуправа на Косово на зградата на општина Лепосавиќ.

Како што тогаш соопшти Здружението, нападнат е снимател на РТК, му била скршена камерата, биле фрлани со камења на РТВ Дукаѓини, Кљан Косово, РТС и КТВ, а нападнат е и снимател на Тева 1. Истиот ден косовската полиција регистрирала вкупно девет напади врз новинари во Лепосавиќ.

Инцидентите беа осудени од меѓународни претставници и организации.

Слични содржини