Зголемено руско влијание во Македонија? О’Брајан: Покрај медиуми и инфлуенсери, Москва плаќа и одредени политичари

од Nikola Popovski
278 прегледи

Помошник-државниот секретар за Европа, Џеjмс О’Брајан повторно говорел за руското влијание на Балканот, особено во Македонија. Тој во интервју за „БНР“ бил запрашан дали стравува од зголеменото руско влијание во земји како нашата, но и во Унгарија, Словачка и Србија.

„Јасно е дека Русија се обидува да користи дезинформации и да манипулира. Сега тие го туркаат наративот дека Путин е човек на мирот и дека ако нема мир тој ќе уништи голем дел од Украина. Тој сака да не убеди дека тоа е неизбежно. Тоа е всушност целосна лага.

Исто така, донекаде зависи од луѓето кои ги примаат овие информации да се прашаат зошто оние кои бранат таква теза користат руски извори на информации. Дали некој не е платен од Русија за да ги турка овие идеи? Треба да се прашаат и западните извори. Да ги засноваме нашите заклучоци на факти“, порачал О’Брајан.

Тој истакнал дека е можно „Русија или некоја нивна пријателска влада да основа тинк-тенк, да купи медиум или да плати одредени инфлуенсери да шират одредени информации на социјалните мрежи“.

„Како што неодамна дознавме од чешките и белгиските власти, Русите плаќаат и одредени политички фигури. Како корисници на вести, ако наидеме на отворен проруски наратив, треба да се запрашаме зошто. Тогаш ќе сфатиме дека тоа е повеќе врева отколку вест. Но, ние треба да работиме заедно, односно владите со критичко размислување, за да се уверат дека граѓаните знаат кога добиваат вести од луѓе кои ја бараат вистината, наспроти ставовите на луѓето кои се платени да испорачуваат одредени пораки“, рекол О’Брајан во интервјуто.

Слични содржини