Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27 948 денари. Oва претставува зголемување од 2,7 отсто во однос на истиот месец лани.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации -10.1 отсто, Други услужни дејности – 8.2 отсто и Рударство и вадење на камен – 7.5 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.