Зголемување на вознемиреноста за време на пандемија, особено кај жените

од Vladimir Zorba
618 прегледи

Пандемијата „Ковид-19“ доведе до зголемување на вознемиреноста и големите депресивни нарушувања ширум светот, особено кај жените и младите, според истражувањето објавено во „Лансет“.

Случаите на депресија и вознемиреност се зголемија за повеќе од една четвртина во светот во 2020 година поради пандемијата „Ковид-19“.

Ова е прва студија за проценка на глобалното влијание на пандемијата врз главните депресивни нарушувања и анксиозни нарушувања, наведувајќи ги според возраста, полот и локацијата во 204 земји во 2020 година.

Резултатите покажуваат дека минатата година случаите на големи депресивни нарушувања и анксиозни нарушувања се зголемени за 28 проценти, односно 26 проценти.

„Ова ја нагласува итната потреба за зајакнување на здравствените системи“, рече водечкиот автор на студијата, Демиен Сантомауро и Центарот за истражување на менталното здравје во Квинсленд.

„Дури и пред пандемијата, системот за грижа за ментално здравје во повеќето земји беше недоволно опремен и неорганизиран“, додаде тој.

Жените беа повеќе погодени од мажите, а помладите луѓе беа повеќе погодени од постарите возрасни групи. Младите страдаа затоа што затворањето на училиштата ги држеше подалеку од пријателите, а многу жени се соочуваа со зголемен ризик од семејно насилство, велат истражувачите.

Студијата, предводена од академици од Универзитетот во Квинсленд во Австралија, регистрираше 76 милиони дополнителни случаи на анксиозни нарушувања и 53 милиони тешки депресивни нарушувања како што се шири „Ковид-19“ во текот на 2020 година.

„За жал, од голем број причини, жените секогаш имаа поголеми шанси да бидат посериозно погодени од социјалните и економските последици од пандемијата“, рече коавторката на студијата Алис Ферари.

„Дополнителни грижи и одговорности обично паѓаат врз жените, а жените се со поголема веројатност да бидат жртви на семејно насилство, што се зголеми во различни фази на пандемијата“.

„Затворањето на училиштата и другите забрани ја ограничуваат способноста на младите да учат и да комуницираат со своите врсници, и во комбинација со зголемениот ризик од невработеност, тие исто така придонесоа за дополнително оптоварување на менталното здравје на младите луѓе“, додаде тој.

Студијата опфати 48 претходно спроведени студии од целиот свет и ги комбинираше нивните резултати во мета-анализа за да се измери преваленцата на нарушувања на менталното здравје во 204 земји во 2020 година.

Се проценува дека има 28 проценти зголемување на случаите на големо депресивно растројство, на 246 милиони случаи, во споредба со околу 193 милиони случаи кога не се случила пандемија.

Авторите на студијата предупредија дека недостасуваат квалитетни податоци за влијанието на пандемијата врз менталното здравје во многу посиромашни земји.