192
Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
„Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности“, напиша Османи.
Русија ја започна инвазијата над Украина на 24 февруари 2022 година.