Жалбата на Талески за притворот три дена патуваше цели “20 метри” од Кривичен до Апелација

од desk3
109 прегледи

Скопска Апелација денеска од Кривичниот суд го доби на понатамошно постапување предметот за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, кој беше испратен пред 3 дена. Инаку физичката раздалеченост меѓу зградите на судовите е не повеќе од 20 метри

Инаку, судијата на претходна постапка, по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за Талески, определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена и се забранува тој да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот.

taleski-2

Во спротивно, против него ќе се определи мерка притвор.

Жалба на одлуката за куќен притвор досега најави одбраната на Талевски, а Апелацискиот суд ќе одлучува дали ќе ја укине оваа одлука или ќе го потврди решението на Основниот суд Скопје 1. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 претходно го укина решението на судијата на претходна постапка со кое на Талески само му беше одземен пасошот и донесе одлука на битолскиот градоначалник да му биде одреден куќен притвор.

Решението за Талески исто така долго  патуваше од скопскиот Кривичен суд до битолската полиција-цели  5 дена

СЈО ги товари Талевски и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, во износ од 360.000 евра.

Слични содржини