„Жално е што за ВМРО-ДПМНЕ императив за меѓународна средба и поддршка им е Орбан. За разлика од тоа, Ковачевски се среќава со највисоките претставници на администрацијата на САД, со Макрон, со канцеларот на Германија, со претседателката на Европската комисија, со претседателот на Европскиот совет“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додае дека овие највисоки меѓународни функционери даваат директна поддршка за членство во ЕУ, додека Мицкоски се среќава само со Орбан, а дури и од него нема поддршка.
„ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон македонскиот јазик, тие го нарекуваат кодификаторот на македонскиот јазик, Блаже Конески ‘Џуџето од Небрегово’. Тие го лустрираа Славко Јаневски и сега ќе водат сметка за заштита на македонскиот јазик?“ запраша Талески.
Пратеникот од СДСМ додаде дека грижата на ВМРО-ДПМНЕ за македонскиот јазик се покажа со напуштањето на седницата на Собранието кога се гласаше Договорот за ФРОНТЕКС на македонски јазик.