Жан-Клод Јункер, најверојатно ќе се повлече од функцијата претседател на ЕК следниот месец

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Жан-Клод Јункер можеби ќе се повлече следниот месец од должноста претседател на ЕК.

Жан-Клод Јункер можеби ќе се повлече следниот месец од должноста претседател на Европската комисија, пренесе британски “Телеграф”. Вчерашните  шпекулации дека претседателот на европската комисија, Жан-Клод Јункер ќе поднесе оставка  го принудија портпарол на Европската комисија да негира официјално, и  дека ова се само гласини. Британското издание сепак наведува дека поранешниот премиер на Луксембург не ја донел  конечна одлука за ова прашање и ќе го стори тоа во следните неколку недели. Оваа информација беше потврдена од европски претставници и за италијанскиот весник “Република”. Повод за разнозначните тврдења стана интервју на Јункер за германското радио “Дојчландфунк” од претходниот месец, во кое тој вели дека нема да се кандидира за втор мандат по истекот на првиот во крајот на 2019 година, мислење што ЕК категорично го  негира. Поранешниот премиер на Луксембург, кој сега е на 62 година, ја предводи Европската комисија од  ноември 2014 година, откако долго време беше претседател на Еврогрупата, која ги обединува министрите за финансии од еврозоната.