„Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби

од Vladimir Zorba
369 прегледи

Во последните неколку денови одговорните лица од Клиничката болница Жан Митрев се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, ДСЗИ, како и Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) и МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од болницата.

„Како и до сега, во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи. Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од предврмено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации“, додаваат оттаму.

Повеќе инспекции влегоа во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје по информациите дека во неа се вршеле непријавени клинички тестирања и по жалбите коишто ги поднеле дел од семејствата кои бараат одговор од што точно починале нивните најблиски – од Ковид -19 или од бактериски инфекции.

Веднаш по објавата на информациите, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето.

Слични содржини