Клиниката „Жан Митрев“ упати протестна нота до Министерството за здравство по повод вчерашното објавување на податоците за починатите од Ковид-19. Во вчерашниот извештај имаше 14 лица починати во Клиниката „Жан Митрев“, евидентирани од 4. до 30. јануари, соопшти Министерството.
„Сакаме да го изразиме нашето незадоволство во поглед на начинот на презентирање на бројките. Надвор од секаков контекст во дневниот извештај, беа цитирани статистики кои се однесуваат на вкупните месечни бројки на починати, и тоа исклучиво од Клиничката болница Жан Митрев, без притоа да бидат споменети или наведени месечните бројки на останатите институции, како државни, така и приватни.
Би сакале да истакнеме дека ваквиот начин на презентирање на статиски кои не споредуваат еднакви величини, сериозно ја доведува во прашање објективност и непристрасноста на вашата институција.
Во најмала рака остава негативем впечаток ја сите читатели и ја искривува реалната слика, наведувајќи ги читателите дека во нашата институција умираат огромен број на луѓе, без притоа да бидат споменати бројките на останатите институции.