Жан Ноел Баро за употребата на воена сила на Гренланд: „Нема да дозволиме напад на суверените граници на ЕУ“

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

„Јасно е дека Европската унија не би дозволила другите земји во светот да ги напаѓаат нејзините суверени граници, кои и да се… Ние сме силен континент“, рече Баро како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров Гренланд, кој е дел од Данска повеќе од 600 години, пренесува Ројтерс.

Трамп вчера изјави дека не може да ја исклучи можноста за употреба на воена сила или економска принуда, вклучително и зголемување на царините, кога станува збор за преземање контрола врз Гренланд и Панамскиот канал.

Слични содржини