Жбогар очекува Македонија да постигне национален консензус за името

од desk2
62 прегледи

Многу добра вест е што медијаторот за името Метју Нимиц дојде во регионот, бидејќи само преку дијалог може да се најдат најдобрите решенија, рече денеска амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на ЕУ од посетата на Нимиц и од преговарачкиот процес за името меѓу Македонија и Грција.

– Мислам дека во изминативе неколку месеци видовме многу контакти меѓу владите на Република Македонија и Република Грција и мислам дека можеме да го наречеме тоа како период на загревање за преговори. Исто така, можевме да видиме дека имаше средба меѓу премиерите на двете држави во Давос – рече Жбогар за време на денешната посета на општина Конче.

Според него, ЕУ ги поддржува тие средби и контакти, а претстојната посета на Нимиц е добар индикатор оти преговорите може да почнат и дека можат да дадат некој резултат што ќе биде задоволителен за двете страни.