Ждреб за „Вимблдон“: Финале меѓу Ѓоковиќ и Надал е далеку од сигурно

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Шампионот од последните три изданија на „Вимблдон“ Новак Ѓоковиќ во понеделник ја започнува одбраната на титулата и потрагата по 21. Гренд слем. Ждрепката денеска му „намести“ на Србинот да ја започне кампањата против Корејецот Сон Квон на „светата трева“ во Лондон.

Нормално, како првопласиран, Ноле е предводник на горната половина, што ќе ја отвори програмата на турнирот следната недела.

Потенцијално, во второто коло Ѓоковиќ ќе се соочи со Танасе Кокинакис или Камил Мајхзак. Негов следен противник би можел да биде неговиот штитеник Миомир Кецмановиќ, кој е 25-ти носител и прво мора да се справи со Џон Милим и некој помеѓу Ласло Џере и Алехандро Табиљо.

Во четвртата фаза Србинот можеби ќе треба да се бори со американскиот бомбардер Рајли Опелка, а во четвртфиналето постои можност за дуел со некој како Карлос Алкараз, Оскар Оте или Џон Иснер.

Во полуфиналето Ноле го очекува тенисери како Хуберт Хуркач, па дури и Григор Димитров, а за финалето јасно е дека најголеми фаворити во спротивната половина од ждрепката се Рафаел Надал или Матео Беретини.

Матадорот стартува против Аргентинецот Федерико Серундоло, а во второто коло ги очекува Сем Квери или Рикардас Беранкис. Оттаму, Рафа може да игра против Лоренцо Сонего во третото коло, Марин Чилиќ или Ботик ван де Зандшулп во четвртото, Феликс Оже Алијасим во четвртфиналето, Стефанос Циципас или Беретини во полуфиналето и Ѓоковиќ во финалето.

Слични содржини