Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите се одржа во 12 часот во Нион. Дербито ќе го играат Пари Сен Жермен и Барселона.
По групната фаза, тимовите беа поделени на два шешира, односно меѓу носителите и оние кои не се.
Носители беа Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд, Јувентус и ПСЖ. Во вториот шешир се Атлетико Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Порто, Аталанта, Севиља, Лацио, Барселона и Лајпциг.
Во борбата за четвртфиналето не можат да се сретнат екипи кои веќе биле во иста група и нема спојување на екипи од иста земја во оваа фаза од елитното натпреварување.
Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се играат на 16, 17, 23 и 24 февруари, а реваншите се на 9, 10, 16 и 17 март. После тоа, ждрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 19 март.
Финалето е во Истанбул на стадионот „Ататурк“.
ОСМИНАФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити
Лацио – Баерн
Атлетико Мадрид – Челси
Лајпциг – Ливерпул
Порто – Јувентус
Барселона – ПСЖ
Севилја – Борусија Дортмунд
Аталанта – Реал Мадрид