ЖДРЕПКА ЗА ЛШ: Вториот шешир е посилен од првиот, познато кој е апсолутен фаворит

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Ждрепката за Лигата на шампионите ќе се одржи в четврток во Истанбул во 18 часот.

Веќе е јасно дека таа ќе биде кошмар за носителите, меѓу кои е и актуелниот шампион Челси. Гледано по имиња, вториот шешир е посилен од првиот, а таму е и Пари Сен Жермен, кој важи за апсолутен фаворит на листите за обложување.

Прв шешир: Челси, Виљареал, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Интер, Баерн, Лил, Спортинг.

Втор шешир: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Ливерпул, Севиља, Борусија Дортмунд.

Трет шешир: Порто, Ајакс, Шахтјор Доњецк, РБ Лајпциг, РБ Салцбург, Бенфика, Аталанта и Зенит Санкт Петербург

Четврти шешир: Бешикташ, Динамо Киев, Клуб Бриж, Јанг Бојс, Милан, Малме, Волфсбург и Шериф Тираспол

Ќе се формираат осум групи со по четири екипи. Принципот на ждрепката наметнува две екипи од иста земја да не можат да играат во една група. Двајцата најдобри ќе се пласираат во следната рунда од натпреварувањето.

Првите натпревари во групната фаза се закажани за 14 и 15 септември, а шестото коло е закажано за 7 и 8 декември.

Првите натпревари од осминафиналето се играат 15/16. и 22/23. февруари, а реваншот е на програмата 8/9. и 15/16. Март.

Четвртфиналето започнува на 5 и 6 април, а реваншите се на 12 и 13 април.

Првите полуфинални натпревари се закажани за 26 и 27 април, а реваншите на 3 и 4 мај.

Големото финале е закажано за 28 мај во Санкт Петербург.

Судејќи според обложувалниците, најголеми шанси за пласман во финалето имаат Пари Сен Жермен и Манчестер Сити. Парижаните се апсолутни фаворити, додека покрај Сити, Баерн демне од страна.

Многу поназад во однос на шансите се Челси, Ливерпул, Реал, Јувентус, Атлетико и Барселона.

Слични содржини