“Железна завеса” против бегалците

од desk3
125 прегледи

Унгарија ќепостави четириметарска ограда кон Србија, за да се чува од бегалци. Медиумите зборуваат за нова “железна завеса”, а бегалците во Унгарија и Србија често стануваат објект на самоволие и ксенофобија, пишува Штефан Ошват.

0,,18523560_401,00
хангарите на напуштената фабрика за рули во Суботица се гледа од далеку. До границата со Унгарија има само неколку километри. На ова место живеат неколку десетици бегалци – меѓу нечистоти и расфрлани вреќи за спиење. Нема струја, ниту вода за пиење, само еден бунар. Новинарот Адшмир е меѓу нив. Тој е на 25 години и сака да продолжи кон некоја друга европска земја на Запад. “Сакам за Германија”, рече младиот Авганистанец. Тој верува дека во Германија ќе го прифатат добро. Раскажува дека неговиот живот во Кабул бил несигурен, многу пати му се заканувале. Во текот на два месеци патувал до Европа. Бегалските правци не се променети – преку Турција и Бугарија, или преку Грција и Македонија до Србија и Унгарија.

Полициско самоволие

Еднаш неделно Фабиола Гасперини ги посетува бегалците. Таа работи за организацијата “Лекари без граници” во Белград. “Првично бегалците беа скептични”, раскажува таа. “Во зима имаше мраз. Повеќето од нив страдаат од бронхитис или грип, на некои организмот не им ја поднесуваше храната и имаа стомачни проблеми, други пак беа гладувале премногу долго за да можат да се хранат нормално”, раскажува лекарка. Некои од бегалците раскажуваат дека биле жртви на полициско насилство: “Во Унгарија не малтретираа и не вратија назад во Србија, а тамошната полиција пак ни ги прибра сите пари”, вели млад Авганистанец.

Доброволни полициски единици на границата

Од другата страна на границата Золтан Сарингер ја обиколува шумската месност. Тој е член на т.н.. теренска стража – волонтерски единици за заштита на границата. “Некои успеваат да побегнат, други остануваат во ров покрај патот. Посредниците сепак не доаѓаат тука. Тие воспоставија место за средба некаде по патот за Баја”, раскажува Золтан. Ласло Торчкај е градоначалник на унгарското гранично село Азотталом и член на една десничарско-екстремистичка партија . Тој се жали од ѓубре, кое го оставаат зад себе бегалците. “Поради илегалните мигранти не доаѓаат и никакви инвестиции во селото. Туризмот исто паѓа “, вели градоначалникот. Сепак тој гледа со измешани чувства на намерата на владата во Будимпешта да крене четириметарска ограда долж границата со Србија. Оваа нова” железна завеса “не ме радува особено, вели Ласло и додава:” Дури и само поради тоа што од мојот двор ќе ја гледам постојано. Сеедно дали сум во затвор “. Сепак, тој ја смета оградата за потребна, бидејќи нелегалната миграција водела до јавни тензии и раздор, та дури до увоз на тероризам.

Кампања на омраза од страна на Будимпешта

0,,18237705_303,00

Унгарските власти соопштуваат дека само оваа година земјата прифатила околу 50 000 имигранти. Повеќето од нив сепак не се задржуваат, туку сакаат да продолжат кон западните земји како Германија на пример. Унгарската влада расплетува широка кампања против дојденците. Насекаде се залепени постери со ксенофобични слогани. Габор Гјулај од Хелсиншкиот комитет смета дека оградата е срам за Унгарија: “Нема друга земја во Европа, која ќе троши 5 милиони долари од парите на даночните обврзници за ксенофобична кампања против бегалците. Владата сака да го врати изгубениот авторитет, го одвлекува вниманието кон бегалците. Така тоа ги прикрива затрупаните проблеми на корупција и сиромаштија “, вели Гјулај.