Железничка пруга од главниот град до аеродромот Скопје

од Nikola Popovski

„Ова е долгогодишно ветувње или можеби жеба на сите нас, поради тоа што потребен предуслов нашиот главен град да биде европска и светска метропола е нашата поврзаност на Скопје со железница до аеродромот Скопје“, изјави директорот на Македонски железници инфраструктура, Хари Локвенец, најавувајќи го проектот за поврзување на главниот град со меѓународниот аеродром „Скопје“ со железничка пруга.

Според него, со проектот ќе биде поддржана и градската власт, која со сите сили се труди да обезбеди поквалитетна внатрешна патна инфраструктура за поврзување.

„Станува збор за пруга, која во моментов е идејно решение, кое се прави тука кај нас, односно поврзување на станицата Илинден со аеродромот. Ја избравме оваа станица како би помогнале и на општината за развој на истата и подобрување на условите. Се очекува да биде околу 8 км железничка пруга, сега се исполнети условите и очекувам брзо да започнеме со проектот“, потенцира Локвенец, во изјава за „Утрински брифинг“.

Слични содржини