105
Кандидатот за бугарски премиер, Росен Жељасков денеска го прифати мандатот од претседателот Румен Радев за формирање влада.
Жељасков, кој беше предложен за мандатар од групата ГЕРБ-СДС, на Радев му достави предлог за состав на неговиот кабинет, а бугарскиот претседател ќе го достави указот за избор на Жељасков за премиер на Бугарија до парламентот за одобрување денеска, јавува БНР.
Предложени се тројца вицепремиери, Томислав Дончев од ГЕРБ, Атанас Зафиров од Бугарската социјалистичка партија и Гроздан Караџов од партијата „Има таков народ“, како и 19 министри.