Жељазков бара Мицкоски да се извини за изјавата за „глушецот и лавот“

од Nikola Popovski
210 прегледи

„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи, исто така ја нарушува довербата, која е многу кревка во овие времиња“. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељазков. Тој истакна дека Бугарија ќе продолжи непоколебливо да го поддржува европскиот пат на Македонија, врз основа на спроведувањето на обврските од 2022 година и Договорот за добрососедство.

-Ќе го оставам наративот и изразот на премиерот Мицкоски на оние што го познаваат Езоп (старогрчки писател на басни), порача Жељазков. Тој истакна дека принципиелниот став на Бугарија е дека Македонија мора да се придржува до консензусот (францускиот предлог) постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.

-Исто така, има многу луѓе во Бугарија кои не ја одобруваат обврската од 2022 година, но политичката зрелост бара да се спроведе она што е договорено, додаде Жељазков.

Мицкоски реагирајќи на епитетот „северномакедонски премиер“, кој му го даде шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, рече дека му дале задача да се задева исто како глушецот со лавот и го нарече министерот „момче“.

Слични содржини