Желјазков: Важно е Бугарите да влезат во македонскиот Устав, условите ги постави Европската комисија

од Nikola Popovski
391 прегледи

Бугарија верува дека Република Македонија ќе биде полноправна членка на Европската Унија врз основа на сопствен придонес. Сметаме дека ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи најлошо е да губат време кое ќе се претвори во скептицизам. Потребни им се брзи одлучувачки акти и дефинитивни одлуки без да ја бараат причината надвор од себе. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни, изјавил претседателот на бугарското Народно собрание, Росен Желјазков по завршувањето на посетата на Ватикан и Италија, каде ја предводеше бугарската делегација по повод чествувањето на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во исто време во Рим престојуваше и делегација на македонското Собрание предводена од претседателот Талат Џафери. Двете делегации заеднички положија венци цвеќе пред бугарската и македонската плоча во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Бугарскиот спикер во разговорите со претставниците во Ватикан и Рим се осврнал на темата за бугарските односи со Република Македонија и за политичките процеси во Западен Балкан.

„Западен Балкан е исклучително важен за Италија и за Светата столица, бидејќи ова е област што дава можности за историски конфликти“, нагласил Желјазков.

Тој посочил дека решавањето на тензиите кои постојат со Македонија е тема која „поминува и наоѓа свое решение само и само преку целосна интеграција на земјите од Балканскиот Полуостров“.

Бугарскиот став за РСМ, наведува тој е особен интерес за Ватикан и Италија, особено за темите што неодамна беа покренати на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик.

„Изјавивме дека нашиот став останува непроменет. РСМ треба што поскоро да го започне и заврши преговарачкиот процес и да стане полноправна членка врз основа на т.н. сопствен придонес. т.е. одлуката треба да биде во насока на исполнување на критериумите за членство и успешно завршување на преговарачкиот процес, а не заради политичката одлука сама по себе“, категоричен е Желјазков во изјава за БГНЕС.

Тој истакнл  дека за Бугарија е важен условот што го постави Европската комисија за уставната промена, во која се вклучени Бугарите како државотворен народ во рамките на РСМ.

„Ова е апсолутен предуслов за почеток на преговорите. Ова не е наше билатерално прашање, тоа е услов кој е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите и го следи ЕК“, додал претседавачот на Народното собрание.

Жељазков изјавил дека ставот на Бугарија не е поврзан со поставување услови или попречување на самиот процес.

„Условите ги постави ЕК и за нас е важно тие да бидат исполнети бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во РСМ“, додал бугарскиот претседател на тамошното Собрание.

Слични содржини