Жена и дете прегазени попладнево на пешачки на „Партизанска“ во Скопје

од Milan1
1,4K прегледи

Попладнево на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4, се случи тешка несреќа во која се прегазени жена и дете.

Како што објави „Канал 5“ повикувајќи се на очевидци на несреќата, жената била веднаш однесена во болница во тешка состојба, додека детето лежело на тревникот покрај булеварот 20-тина минути, пред да пристигне возило на Итната помош, кое го пренела и него во болница.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа како минувачи се обидуваат да им помогнат на повредените.

Дел од медиумите, пак, објавија дека жртви во несреќата биле две деца, од кои едното било на велосипед, а другото се движело пеш. Полицијата и надлежен обвинител вршат увид на местото и официјални информации најавија до крајот на денот.

Слични содржини