Жена интервјуираше Талибанец на ТВ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Жена водеше вести на авганистанската телевизија, а фотографиите беа објавени утрово.

Жените порано ги водеа вестите, но во голема мера беа отстранети од телевизиските екрани откако Талибанците во неделата го зазедоа Кабул. Да потсетиме, под Талибанците, жените практично немаат никакви права, и пред доаѓањето на Талибанците во Кабул, отидоа дотаму што ги боеја излозите на продавници на кои се прикажани жени.

Но, утрово беа објавени фотографии од водителка која ги водеше вестите на авганистанската телевизија ToloNews.

„Ја продолживме нашата програма со женска водителка“, напиша Мирака Попал, шеф на ToloNews.

Покрај тоа, тој објави фотографии на кои се гледа како водителка интервјуира Талибанец.

Слични содржини