Жена најдена мртва на гробот на својот син во Белград: Малото дете во игра несреќно се обесило за квака, на мајката и пукнало срцето од тага

од Aleksandar Petrovski
183 прегледи

Мајката на малиот Вук Б., кој случајно се обеси додека си играл во 2018 година, С.Б.(45) починала вчера на неговиот гроб на Новите гробишта во Белград.

Таа заминала на гробот на синот околу 16 часот, без оглед на полицискиот час, а кога не се вратила дома, семејството се јавило кај лицата кои работат на гробиштата. Црковникот излегол на гробот, каде ја пронашол мртва.

За потсетување нејзиниот син Вук беше пронајден мртов во 2018 година во семеен стан во центарот на Белград на улицата Драгослав Јовановиќ 9. Додека играл во собата, тој ја закачил марамата околу вратот на кваката, и така, за жал, настрадал. Непосредно пред да се повреди, малиот играл со марамата во својата соба. Тој бил сам, а неговата мајка и двете сестри биле во друга соба чекајќи да го однесат на тренинг.

– Вук играше во собата со разни играчки, како што тоа го правеше обично. Веројатно некаде пронашол марама и тоа се случило. Ние дури и не знаеме како се случило ова, сè уште не можеме да веруваме дека го нема – изјавил за српски курир во тоа време чичкото на починатото момче.