11
31-годишна жена од Кочани нападнала вработен во општината, кој си ја вршел работата, соопшти полицијата.
Според МВР, поднесена е кривична пријава против Д.Т.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
„На 3 август на улицата „Павлина Вељанова“ во Кочани, пријавената физички нападнала вработен во општина Кочани додека извршувал работни задачи“, се вели во кусото полициско соопштение.