Жена почина во несреќа со трактор во Кривопаланечко

од desk2
171 прегледи

 

Седумдесет и четиригодишна жена од кривопаланечко почина во несреќа со трактор.

МВР јави дека жената била сопатник во тракторот со приколка кој го управувало лице со иницијали М.Ц.

Тракторот се превртел, а приколоката ја поклопила жената и таа починала на местото на настанот, додека возачот се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствениот дом – Крива Паланка.

Несреќата се случила на некатегоризиран пат во селото Горно Варовиште, кривопаланечко, на место викано „Санде-Калина“.