300
Две лица загинаа, а 10 се ранети во напад со нож во основно училиште во Кина, соопшти полицијата. Засега не се знае дали меѓу жртвите има и деца. Нападот се случил околу пладне по локално време во училиште во градот Гуиси во провинцијата Џиангси, јавува Би-би-си.
Полицијата соопшти дека нападот го извршила 45-годишна жена, која употребила нож. Таа е уапсена, додаде полицијата.
Засега не е познато зошто цел на нападот било основно училиште во кое учат деца на возраст од шест до 12 години.