Вчера во 15,40 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко моторно возило „Фоклсваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрило во пешакот Џ.И.(35) од с.Слатино.

Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Слични содржини