Жена внела плински боци во авион на релација Подгорица – Белград, спроведена детална истрага

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Црногорската Агенција за цивилно воздухопловство покрена истрага откако жена на лет на „Ер Србија“ од Подгорица за Белград без проблем ја поминала контролата во зградата на аеродромот и се качила на летот со две плински боци со средна големина.

Како што неофицијално дознава црногорскиот портал „Стандард“, истрагата веќе утврдила кој е одговорен за ваквата голема грешка, која може да има катастрофални последици за авионот, екипажот и патниците.

Како што е познато, плинските боци, како и другите опасни предмети и материјали се на списокот на забранети предмети што не смеат да се внесуваат во авион.

Поради очигледниот пропуст на аеродромските службеници, капетанот на авионот на „Ер Србија“ на тој лет веднаш ја известил полицијата која ги одзела боците со плин и ги извадила од авионот.

Веднаш по инцидентот била известена и Агенцијата за цивилно воздухопловство, чиј инспектор во рамки на истрагата која е во тек утврдил кој е одговорен за инцидентот и составил записник.

Бидејќи ова е директна закана за безбедноста на авионот, екипажот и патниците, „Ер Србија“ веднаш поднесе пријава против аеродромот во Подгорица бидејќи го прекршил Законот за безбедност на воздушниот сообраќај.

Колку е голем овој инцидент говори и фактот што за толку голем безбедносен пропуст се губи меѓународниот сертификат ECAC, што во овој случај би било погубно за црногорските аеродроми, пишува „Стандард“.

Слични содржини