Светската политика остана со една жена помалку, откако Жената чудо веќе нема да е почесен амбасадор на ОН – помалку од два месеци, откако го доби назначувањето.
Плановите на светската организација беа да ја користат хероината од цртаните филмови за кампањи за полова еднаквост, насочени кон жените и девојките во 2017 година, објавена од издавачката куќа на стриповите за суперхероината.
За жал, во понеделникот од ОН соопштија дека работата на Жената чудо завршува оваа недела, пишува британскиот весник “Гардијан”.
Причината е незадоволството на некои критичари, според кои одлуката за избор на почесен амбасадор испраќа погрешна порака.