Американката Кори Ричинс, мајка на три деца од Јута, која напиша книга за тагувањето по „ненадејната смрт“ на нејзиниот сопруг Ерик во март 2022 година, е обвинета за неговото убиство.
Таа се јавила во полиција една вечер во март за да каже дека нејзиниот сопруг е „ладен како мраз“. Таа ја известила полицијата дека на својот сопруг му подготвила коктел со вотка, пред да го пронајде без знаци на живот неколку часа подоцна, јави Би-Би-Си.
Лекарот подоцна утврдил дека Ричинс починал од предозирање со дрогата фентанил, бидејќи во себе имал пет пати повеќе отколку што телото може да поднесе.
Според судските документи, меѓу декември 2021 година и февруари 2022 година, Кори Ричинс испраќала пораки до лице кое претходно било уапсено за дрога, барајќи од него рецепт за лек „за инвеститор со болки во грбот“.
Таа ги добила таблетите хидрокодин (познати и како викодин), се додава во судскиот документ, по што побарала нешто појако, па прашала за фентанил.
Три дена откако авторката на книгата ја добила дрогата, таа била на вечера со сопругот на Денот на вљубените, а потоа му се слошило.
„Ерик верувал дека го трујат. На пријател му кажа дека мислел дека жена му се обидува да го отруе”, се додаваат во судските документи.
Две недели подоцна таа добила повеќе фентанил. Конечно, на 4 март, Ричинс повикала полиција среде ноќ и рекла дека го пронашла нејзиниот сопруг без знаци на живот.
Обвинението против неа дојде два месеци откако таа ја напиша сликовницата за деца „Дали си со мене“. да им помогне на децата да се справат со смртта на некој близок.
Таа за радио станицата „KPCW“ изјавила дека книгата треба да донесе „мир“ на неа и на нејзините три сина.
„Напишавме книга и искрено се надеваме дека таа ќе им даде утеха не само на нашето семејство, туку и на другите семејства кои минуваат низ истото“, рече таа минатиот месец.
Книгата, како што рекла, ја посветила на својот неверојатен сопруг и прекрасен татко.
Покрај обвинението за убиство, Ричинс е обвинета и за поседување на нарколептик GHB, попознат како дрога за силување, која понекогаш се користи за рекреација. Рочиштето за притвор е закажано за 19 мај.