362
Жените ќе судат на натпреварите на Светското првенство за мажи во Катар, за прв пат во историјата на ваквите турнири.
Французинката Стефани Фрапарт, Салима Мукансанга од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија беа избрани да ја делат правдата на натпреварите во Катар.
Ќе им помагаат тројца колешки – помошнички судии.
Како што беше објавено на сајтот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), на Светското првенство во Катар нема да има судија од Македонија.
Од државите на поранешна Југославија претставник ќе има само Словенија, бидејќи ќе суди Славко Винчиќ.
Фото: Profimedia/Hans van der Valk/Orange Pictures