Жените масовно ги проверуваат и следат мажите

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Таа може и да не ви верува колку што мислите. 1 на 10 жени го шпионира сопругот, нурната во телефон и пораките, а 1 на 20 дами дури и инсталирала апликација за следење на телефонот на законскиот сопруг. Ова се резултатите од една неодамнешна студија на истражувачката компанија One Poll во која учество зеле 1000 брачни двојки.

Кажано поинаку статистички во 44% од 920 парови едниот партнер го следи однесувањето на другиот, проверувајќи пораки и СМС. Во целокупниот случај тоа е сопругата.

Зошто луѓето влегуваат така во приватноста на другиот?

Најчесто тоа е вкоренето во сомневање за неверство, тврди семејниот консултант Пол Хокемајер. Очигледно сопругата нема целосна доверба во мажот и тоа ја прави опседната со идејата да истражува и да најде нешто што ќе ѝ ги оправда сомневањата.

“Луѓето кои се закопуваат, бараат докази за да ги повредат емоционално”, категоричен е д-р Хокемајер.

Што да правите ако го фатите партнерот да истражува во телефонот / лаптопот?

Веројатно си мислите: “Голема работа, немам што да кријам”. Имајте на ум дека, сепак, другиот веќе се подготвил психички дека ќе открие нешто и може да ја извади секоја реченица од контекст, за да стане скандал. Ако ја фатите во чекор да истражува во работите најдобро да ѝ кажете: “Многу сум разочаран дека не ми веруваш и чувствуваш потреба да истражуваш, додека најдеш нешто што според тебе докажува дека не сум таков за каков се замислувам “.

Потоа направете драматична пауза и додете: “Зошто едноставно не дојде да ме прашаш?”, советува Хокемајер.

Прашајте ја што го провоцирало стравот и  натерајте ја да зборува за своите чувства. Објаснете ѝ дека однесувањето е недозволиво и дека повторна слична манифестација може да стави крај на односите. Во случај таа да не може да се справи со својата опседнатост, играјте “лош”, понудете ѝ да се консултирате со специјалист.