„Жените се лепат по него“: Дру Баримор проговори за поранешното момче, 12 години по раскинувањето

од Stefanija Kuzmanovska

Дру Баримор се присети на поранешното момче Џастин Лонг и јавно проговори зошто, според нејзиното мислење, толку многу жени „се лепат“ за него. Колегите актери се забавуваа две години, од 2008 до 2010 година, но и 12 години подоцна таа посебно се сеќава на една работа.

– Бев навистина вљубена во него. Дали сакате да знаете како успева да има толку многу девојки? – му кажа таа на Мајк Бирбил за време на подкастот „A Little Bit Extra“ на крајот на јули.

– Има повеќе причини, но главната мора да биде хуморот. Тој има еден од најострите умови, комедијата е сериозно неговата силна страна. Може да ве собори колку ќе се смеете – истакна таа, а потоа направи уште еден осврт на таа врска.

– Никогаш не ми беше јасно зошто толку многу не бркаа папараците. Никогаш не бевме многу забавна двојка – објасни таа.

Дру и Џастин останаа во добри односи по раскинувањето. Со текот на времето, тие развија силно пријателство и тие се обожаватели еден на друг.

Актерката, инаку, моментално е слободна жена, додека тој се забавува со Кејт Босворт.

Слични содржини