Женските трки забранети за трансродови велосипедисти

од Radmila Tasevska

Меѓународниот велосипедистички сојуз (УЦИ) соопшти денеска дека воведе забрана за учество на трансродови натпреварувачи кои по завршување на пубертетот го смениле полот.

Одлуката доаѓа откако 27-годишната Американка Остин Килипс минатиот месец стана првата трансродова жена која победи на официјално велосипедско натпреварување.

„Отсега на трансродовите спортистки кои го смениле полот по (машкиот) пубертетот ќе им биде забрането учество на натпреварувањата во женска конкуренција кои се во календарот на УЦИ“, се наведува во соопштението.

Претходно ваква забрана усвоија светските федерации во пливање и атлетика.

Слични содржини