12
Вчера на Одделот за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Куманово се роди женско бебе во 17:10 часот што претставува прво родено бебе во градот во новата 2025 година.
На среќната мајка честитки за добро здравје, радост и среќа со пригодни подароци и упатија претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и помошник раководителот на Секторот за поддршка на Градоначалник и Советот на Општината, информирање, односи со јавноста и ИТ, Фатос Аќифи, во присуство на директорот на здравствената установа, Стефан Трајановски.
Минатата, 2024 година имало 688 раѓања во кумановската болница, што е тренд на опаѓање зашто во 2023 имало 730, а кумановската општа болница е единствено родилиште за североисточниот регион.